mksqen
09
Пет, Мај
0 Нови / 7 дена

Научници: доста е честитање, намалете го загадувањето

Научници: доста е честитање, намалете го загадувањето

Типографија

Тим на врвни научници побарал од светските лидери да престанат со честитање за постигнатиот париски договор за климатските промени.

Како што велат тие, ако не се направи повеќе глобалната температура веројатно ќе надмине опасни нивоа на загадување во следните 35 години.

  • Ако веднаш не се почне со намалување на емисиите на гасови кои задржуваат топлина, просечната температура  на Земјата ќе се зголеми за еден степен Целзиусов - се вели во извештајот на шест научници.

Ветувањето што го дадоа 190 земји во Париз дека ќе работат на намалување на загадувањето не е доволно. Роберт Вотсон, главен автор на извештајот и поранешен научник на Светската банка кој претседаваше на Меѓувладината комисија на ОН за климатските промени, изјави дека целите на договорот во Париз за климатските промени нема да бидат доволни.

  • Ако владитево светот се навистина сериозни тие ќе мора да направат многу, многу повеќе - изјави Вотсон.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет