Кина планира да ги казнува компаниите за челик и јаглен, да ги натера да се затворат или да го намалат производството, затоа што ги прекршуваат прописите за безбедноста на животната средина.
Ова се дел од напорите на државата да се справи со многу загадувачки индустрии во земјата. Комисијата за реформи има принудено две компании за челик да се затворат целосно, 29 други фирми да ги запрат производството, а 23 да го намалат.
Меѓу повеќето од 4.600 рудници за јаглен кои биле проверени, одземен им е сертификатот за безбедност за 28 рудници за јаглен, а принудени се уште 286 рудници за јаглен да го запрат производството.
Надвор од правилата за безбедност на животната средина, NDRC има наведено и други прекршоци, како што се повреди на правилата на потрошувачката на енергија или стандарди за квалитет.
Јагленот и челикот во се сметаат за два од најголемите извори на загадување во земјата.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS