Во Монтреал денеска почнаа меѓународни преговори за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во воздушниот сообраќај и воведувањето обврска за авиокомпаниите да платат за дозволи за загадување.
Преговарачите треба да донесат одлука за светските механизми за контрола на емисиите на јаглерод диоксид во меѓународниот сообраќај. Целта е во најлошиот случај тие во 2035 година да бидат исти како во 2020 година. Учесниците ќе се обидат да постигнат договор до 7 октомври, кога завршува Собранието на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство ICAO, кое се одржува на секои три години.
Ова е вистински предизвик, со оглед на тоа што се проценува дека до 2035 година бројот на летови и на патници ќе се зголеми двојно, а емисиите треба да се намалат. Затоа се планира тоа да биде организирано во две фази. Во првата фаза намалувањето на емисиите ќе биде доброволно и таа ќе трае до 2027 година, кога тоа ќе стане задолжително. Со цел да се спречи зголемувањето на емисиите во воздушниот сообраќај, сите држави треба да воспостават систем на пазарни емисии, така што авиокомпаниите ќе можат да купат дозволи за загадување од други сектори, по пазарна цена.
Досега 59 земји се согласиле да учествуваат во првата, доброволна фаза. Меѓу нив се сите европски земки, како и САД, Кина, Канада, Австралија и Јапонија, на кои отпаѓа 80 отсто од целиот воздушен сообраќај во светот.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS