mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Проблемот со студенчишкото блато презентиран во Кина

Типографија

Неформалната иницијатива Охрид СОС учествуваше на конгресот на INTECOL-WWG во Кина, на покана од организаторите.

INTECOL е меѓународна организација за животната средина, а WWG е нејзина специјализирана група. Конгресите се одржуваат насекои четири години, а годинава беше во Ченгшу, Кина, од 19 до 24 септември. На него учествуваа 1.200 учесници од 45 земји.

Како што информираат од Охрид СОС, во рамките на конгресот имало презентација со наслов „Студенчишкото блато како составен дел од древното Охридско Езеро, сегашна состојба и потреби од заштита“. Ја одржал д-р Џос Верховен, претседател на Европската организација за заштита на мочуриштата и ко-претседател на INTERCOL-WWG. Блатото беше истакнато како пример за тоа какви се предизвиците за заштита на водните живеалишта во земјите во развој.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет