Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во текот на денешниот ден се ангажирани за чистење на сливниците од насобраните лисја и отпадоци, лоцирани на повеќе големи сообраќајници во Скопје.
Со цел да се спречи евентуалното затнување на канализацискиот одвод и создавање добар проток на нападнатата атмосферска вода, триесетина работници интензивно работат на терен постојано отпушувајќи ги отворите на сливниците и на тој начин превенирајќи собирање вода на коловозот, соопштија од претпријатието.
Оттаму додаваат дека активностите ќе продолжат и во текот на претстојните денови.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS