mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Иновативни решенија за скопскиот јавен превоз

Типографија

Индивидуалци, тимови и стартапи со познавања од развој и дизајн на софтвер ќе креираат иновативни софтверски решенија за подобрување на услугите во јавниот градски превоз во Скопје со учество на натпревари „Паметна автобуска постојка“ и „Скопски автобуски хакатон“.

На хакатонот ќе се изработува иновативно софтверско решение за зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57. На натпреварот „Паметна автобуска постојка“, пак, треба да се креира идејно решение за автобуската станица на улицата Димитрие Чуповски, позната како „рекорд“.

Финалниот натпревар и доделување на наградите ќе се одржи на 3 декември годинава.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје