Откако беа спречени пред само десет дена, градежни работници, багери и камиони утрово повторно дојдоа во паркот на улицата Букурешка во населбата Тафталиџе во Скопје, за да почнат да го расчистуваат теренот за изградба на стамбена зграда.
Но како и во претходните случаи, граѓаните од околните згради застанаа пред машинеријата и не дозволуваат да се уништи паркот.
Ова е петти пат како тие го спречуваат обидот да почне да се гради петкатна зграда, чиј инвеститор е државното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор. Последниот обид беше на 8 август, само два дена по поплавите во Стајковци и во околните населени места. Жителите, како и дел од јавноста, остро го критикуваа потегот дека била испратена градежна механизација да гради зграда и да уништува парк во Тафталиџе, наместо да се употреби за расчистување на тешките последици од поплавите.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS