mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Владата целосно ќе ги обесштети поплавените

Владата целосно ќе ги обесштети поплавените

Типографија

Обезбедување на сто процентно обесштетување на граѓаните од кризните региони за штетите предизвикани од поплавите е прва од пакетот од вкупно осум мерки што Владата на денешната седница ги усвои, а се наменети за настраданите во поплавените подрачја од скопскиот регион.

  • Имајќи ја предвид големината на природната непогода нејзината разорност, и големиот број домаќинства кои се опфатени, како и степенот на оштетеност, како Влада целосно сме посветени кон овозможување на комплетна помош и поддршка на настраданите опфаќајќи различни сегменти кои директно или индиректно ќе бидат од полза и конкретна корист. Тоа се конкретни чекори и мерки со кои покажуваме грижа за сите наши сограѓани на кои во овие моменти од исклучителна важност им е искрената поддршка во секој сегмент од секојдневното живеење - истакна на денешната прес-конференција во Влдадата Министерот за здравство Никола Тодоров.

Мерките вклучуваат и покривање на партиципацијата на сите здравствени услуги на сите нивоа во зафатените подрачја, ослободување на домаќинствата од плаќање месечни издатоци за вода и ѓубретарина во период од три месеци, еднократна парична помош за набавка на училишен прибор за сите деца во основно образование од кризните региони. Со мерките се предвидува и овозможување бесплатна изработка на елаборат за постапката за легализација за семејствата од погодените региони од невремето кои не извршил легализација на своите куќи, зголемување на паричната помош во следните три месеци за 50 проценти за семејствата погодени од поплавите кои се приматели на парични права од социјална и детска заштита, односно социјална парична помош, постојана парична помош, додатоци за мобилност за слепило и за глувост, помош и нега од трето лице и посебен додаток за деца со пречки во развојот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје