Општина Центар ја реконструираше фасадата на зградата број 13а на булеварот Климент Охридски. На површина од 1.470 квадратни метри е поставена е енергетски ефикасна фасада од сите страни, а не само на предниот дел, велат од општината.
Новата фасада овозможува подобри услови за живеење на станарите, кои сега ќе плаќаат до 30 отсто пониски сметки за електрична енергија. Фасадата е контактна, изведена од стиропор со дебелина од пет сантиметри и завршен слој од пластичен малтер. На барање на граѓаните, заменети се и олуците и окапниците - информира општината Центар.
Оттаму додаваат дека е задржан автентичниот изглед на зградата, која е изградена во 50-тите години на минатиот век. Ова е 12-та зграда која со реконструкција доби енергетско ефикасна фасада, а средствата се одвоени од буџетот на општината.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS