Екипите на општина Ѓорче Петров на повеќе локации ќе засадат над 200 дрвца за подобрување на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина.
Досега, како што информира општина Ѓорче Петров, на празниот простор спроти новата полициска и противпожарна зграда засадени се 50 листопадни растенија.
- Со новата акција за раззеленување во општината зафатени се делови од Реонскиот парк, паркингот спроти зеленото пазарче и дел од главната општинска сообраќајница, улицата Ѓорче Петров на потегот од општинската зграда кон Сарај - соопшти општина Ѓорче Петров.