Околу 500 хектари шума горат на планината Скопска Црна Гора уште од вчера, информираат надлежните служби.
Теренот е непристапен, поради што пожарот се уште не е локализиран. Од скопската противпожарна бригада велат дека нема опасност за локалното население, кое сепак заедно со пожарникарите учествува во гаснењето.
Пожарот е во близина на селата Булачани и Раштак, но постои опасност да се прошири и во насока на селото Матејче поради правецот на ветрот.
Се претпоставува дека станува збор за човечки фактор и дека палењето на шумата е намерно.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS