Екипата за дрвореди на ЈП „Паркови и зеленило“ утре ќе почне со кастрење на гранките на дрвјата на булеварите Димитрие Чуповски, Климент Охридски и ВМРО во општина Центар.
Од ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека акцијата се спроведува заради овозможување поголема видливост на возачите и ослободување на патната сигнализација и поголема прегледност и безбедност во сообраќајот. Акцијата ќе продолжи и во наредните викенди.