mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Акција за миење и дезинфекција подземните контејнери

Акција за миење и дезинфекција подземните контејнери

Типографија

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од Скопје почна акција за миење и дезинфекција на подземните контејнери поставени низ целиот град.


Во тек на акцијата ќе се изврши миење и дезинфекција на сите 113 подземни контејнери, поставени на 40 локации во општините Кисела Вода, Центар, Аеродром, Гази Баба и Чаир, соопшти „Комунална хигиена“.

Миењето се изведува со помош на цистерна, преку подигнување на платформата, додека дезинфекцијата на платформата и подземните садови се извршува рачно.

Од претпријатието апелираат граѓаните да не ги паркираат своите автомобили пред платформите на подземните садови за исфрлање на отпадот, затоа што на тој начин го оневозможуваат пристапот на специјалните возила за празнење и миење на овие контејнери.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје