Собрани се околу 50 метри кубни отпад во акцијата за собирање кабаст отпад реализирана во општина Аеродром.
Акцијата е спроведена речиси на целата територија на општина Аеродром и граѓаните можеа да се ослободат од стар и неупотреблив мебел, електрични и електронски апарати од домаќинствата.
Како што информираат од општина Аеродром, ваква услуга граѓаните може да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS