Општина Центар почна со редовното пролетно чистење. Акцијата стартуваше во Градски Sид со машинско чистење на улиците, плочниците и тротоарите на просторот позади „Просветно дело", кај Францускиот културен центар и полициската станица Беко -Центар, а продолжува позади „Агромеханика", кај популарниот „Плочник".
Како што информираат од Општината, „Еко-бригадата за чист Центар" работи со голема цистерна од осум метри кубни за миење на улиците, специјално возило со капацитет од три метри кубни за собирање на сметот на пешачки и други патеки, зглобна цистерна за миење на тротоарите и велопатеките, метачка или шмит машина за метење на улиците и патеките со четки за собирање на прашината и две сезонски машини за вшмукување на лијса.
Се користат и посебни еколошки средства за чистење и дезинфекција на плочниците, тротоарите и деловите од улиците.
Општината продолжува со редовното рачно собирање на сметот, а наскоро почнува и косењето на тревните површини. По чистењето кај Францускиот културен центар, општина Центар продолжува со пролетното генерално чистење во Маџир Маало, Крњево и Кале.
Жителите на Центар ќе може да се јавуваат и да ја повикаат „Еко-бригадата" на телефонскиот број 02/3203-600.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS