Со засадување повеќе листопадни и зимзелени садници на пешачко-рекреативната патека Марино-Кадино, општина Илинден почна со реализација на проектот „Со зеленило против загадувањето“, кој ќе се спроведува овој месец.
Со активностите од проектот за раззеленување се опфатени 20 локации на површина од 60 илјади метри квадратни, каде е предвидено да бидат засадени илјада садници.
- - Целта на овој проект е преку раззеленување на јавните површини во урбаниот дел на општината, покрај пешачко-велосипедските патеки, улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, градинката, спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница - соопштуваат од општина Илинден.
Проектот го поддржале повеќе граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија и општинската администрација.