mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Се поставува канализациска мрежа во Волково и Кисела Јабука

Се поставува канализациска мрежа во Волково и Кисела Јабука

Типографија

Интензивно се одвиваат градежните работи за поставување канализациска мрежа на крак 119, долг 1.500 метри, кон кој гравитираат улиците 40, 20 и 22 во Волково и дел во Кисела Јабука, во општина Ѓорче Петров.

Пред неколку дена, како што соопштуваат од општина Ѓорче Петров, во целост беа завршени работите на улицата 40 долга 380 метри во Волково на која беа поставени цевки со широчина од Ф 400 сантиметри, а деновиве се работи на улицата 20 која е долга 800 метри на која се поставуваат цевки со широчина од Ф 250 сантиметри.

Во тек се подготовки за почнување на работа на улицата 22 со должина 320 метри. Канализација ќе биде поставена и на помалите улички со должини од 50 до 80 метри кои се наоѓаат на споменатите улици на кои се работи. Општината планира во тековнава година да се завршат сите работи околу поставување на канализацијата во својот рурален дел, се наведува во соопштението од општината.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје