mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Продолжува замената на азбестни покриви во Карпош

Продолжува замената на азбестни покриви во Карпош

Типографија

Општина Карпош продолжи со акцијата за замена на старите азбестни покриви на индивидуалните и колективните станбени објекти кои се наоѓаат на нејзина територија.

Од општината информираат дека веќе е пристигнат ребрастиот пластифициран лим кој ќе се употреби на местото на стариот покрив на куќата на улица Будимпештанска број  4б, во населбата Тафталиџе 2. Досега, ова е 12 индивидуален објект кај кој ќе се врши замена на дотраениот азбестен покрив со висококвалитетен бел лим, кој е во согласност со новите светски градежни стандарди.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека до 2020 година во план е да се отстранат сите азбестни покриви кај индивидуалните и колективните станбени објекти кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа.

  • Ги повикувам сите граѓани кои се заинтересирани, да аплицираат до нас, за да може Општината навремено да ги планира тие средства за конкретната намена, со што успешно би ја реализирале оваа акција за замена на старите покриви - вели Јакимовски.

Локалната самоуправа ја почна оваа иницијатива кон крајот на 2016 година и досега интервенираше дури кај 11 колективни станбени згради.

Акцијата за промена на старите покриви ја одобри Советот на Општина Карпош во јануари 2014 година. На овој начин локалната самоуправа сака да ги стимулира своите сограѓани да ги заменат азбестните покриви кои во својот состав содржат канцерогени елементи.

За таа цел, кај колективните згради, Општина Карпош ги покрива трошоците за обезбедување на ребраст пластифициран лим, комплет шрафови со капи и гумици, дрвени штафни за зајакнување на постоечката конструкција и ПВЦ фолија за парни брани. Трошоците за работна рака и изборот на изведувач се обврска на станарите.

За индивидуалните објекти, локалната самоуправа обезбедува средства за нов пластифициран ребраст лим за целата покривна површина, комплет шрафови со капи и гумици. Трошоците за работна рака и изборот на изведувач се обврска на сопствениците на куќите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје