Одделението „Дрвореди“ на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ќе сече едно дрво на улицата Благоја Страчков број 6 во општина Центар.
- Дрвото се сече поради предизвикана материјална штета врз станбен објект од кореновиот систем, по издадено решение за сечење од секторот за комунални работи на Град Скопје - соопштуваат од ЈП „Паркови и зеленило“.
Акцијата за кастрење дрвја продолжува во општина Аеродром, на булеварите Јане Сандански и АСНОМ.