Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и од тротоарите на градските улици и булевари.
Градските власти информираат дека за чистење на тротоарите ангажирани се 170 работници од ЈП „Комунална хигиена“ кои се на терен во три смени.
- Расчистувањето се вршеше на плоштадите Македонија и ВМРО, како и во Старата Чаршија, на пешачките патеки, тротоарите и скалите на мостовите „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата. Во расчистувањето на снегот, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ користеа втоварувач и кипер - се невадува во соопштението.
Од Град Скопје препорачува возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Тие апелираат граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.