mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

ДОМ бара бесплатен јавен превоз за намалување на загадувањето

ДОМ бара бесплатен јавен превоз за намалување на загадувањето

Типографија

Партијата Демократска обнова на Македонија бара градот Скопје да овозможи бесплатен јавен превоз за граѓаните како една од итните мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

  • Со воведувањето задолжителни електронски билети ЈСП Скопје создаде хаос во градскиот превоз. Граѓаните се жалат на недоволна информираност, недостаток на електронски картички и продажни места за нив. Тие се принудени да користат автомобилски транспорт со што уште повеќе се зголемува аерозагадувањето - истакнуваат од партијата.

Стимулирањето на користењето на јавниот транспорт, според ДОМ, е важна мерка за намалување на аерозагадувањето.

Затоа, велат од партијата, во 2013 година спровеле кампања „Јас се возам со автобус“ и предложиле воведување Зелен дневен билет, по цена од 60 денари, со важност од 24 часа, за сите линии и семеен викенд билет, по цена од 250 денари, за сите линии, за време на викендот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје