Партијата Демократска обнова на Македонија бара градот Скопје да овозможи бесплатен јавен превоз за граѓаните како една од итните мерки за намалување на загадувањето на воздухот.
- Со воведувањето задолжителни електронски билети ЈСП Скопје создаде хаос во градскиот превоз. Граѓаните се жалат на недоволна информираност, недостаток на електронски картички и продажни места за нив. Тие се принудени да користат автомобилски транспорт со што уште повеќе се зголемува аерозагадувањето - истакнуваат од партијата.
Стимулирањето на користењето на јавниот транспорт, според ДОМ, е важна мерка за намалување на аерозагадувањето.
Затоа, велат од партијата, во 2013 година спровеле кампања „Јас се возам со автобус“ и предложиле воведување Зелен дневен билет, по цена од 60 денари, со важност од 24 часа, за сите линии и семеен викенд билет, по цена од 250 денари, за сите линии, за време на викендот.