mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Нови шест милиони евра за санација на поплавените подрачја

Нови шест милиони евра за санација на поплавените подрачја

Типографија

Нови шест милиони евра се одвоени за санирање на состојбата во местата зафатени од поплавите на 6 август во Скопско.

Од нив, три милиони се од Буџетот на Македонија, 2,5 милиони од Буџетот на Град Скопје, а 500 илјади евра издвои општина Гази Баба.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски вели дека се работи на подобрување на инфраструктурата во сите места зафатени со поплавите и додаде дека новоиздвоените средства се добар импут за да се завршат сите локални патишта што беа оштетени од невремето.

  • Се работи за голема инвестиција со која се предвидува да се завршат преку 50 километри локална патна инфраструктура во наредниот период. Ако времето не послужи деновиве ќе има поголема динамика и се она што е ветено и што е поминато како одлука на Влада ќе биде реализирано - рече Мисајловски.

Тој нагласи дека  три екипи на „Македонија пат“ работат на терен, а вклучени се и службите на Градот Скопје преку ЈП „Улици и патишта“, како и општина Гази Баба.

Министерот за транспорт и врски најави дека веќе е потпишан и договор за обнова на обиколницата за што ќе бидат издвоени околу три милиони евра.

  • Очекувам во наредниот период по завршувањето на процедурите да почне и целосната санација на обиколницата - вели Мисајловски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје