Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е почуствуван денес во 11 часот и 39 минути во Скопје и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил во источниот дел на Скопското епицентрално подрачје, а во Скопје и околината е почуствуаван со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала.