mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Аеродром уште денес ќе се собира кабаст отпад

Во Аеродром уште денес ќе се собира кабаст отпад

Типографија

Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“  уште денес ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад.

Од Општина Аеродром апелираат отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, а местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.

Во текот на денот во периодот од 7 до 11 часот акцијата  ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово, 13 Ноември и Јане Сандански.

Општина Аеродром посочува дека под кабаст отпад се подразбираат делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут и стакло.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје