mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Кампања за енергетски конкурентно и одржливо стопанство

Кампања за енергетски конкурентно и одржливо стопанство

Типографија

Со обука на техничките лица од 10 македонски мали и средни компании денеска официјално почна капањата „Развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство - ЕКОС“ на Секторот за енергетика при Министерството за економија што ја спроведува Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ преку која ќе се укажува на потенцијалот за штедење енергија во малите и средните претпријатија.

Кампањата има за цел практично да укаже на големиот потенцијал за штедење на енергија и да ги информира останатите учесници во индустријата за придобивките од нивната примена. Резултатите од проектот, што ќе се спроведува до крајот на ноември годинава, ќе бидат континуирано објавувани на веб-страницата на Министерството и на трибини што ќе бидат организирани во четири градови во текот на октомври.

Професорот Константин Димитров од МАЦЕФ нагласи дека со подобра енергетска ефикасност компаниите можат да добијат големи придобивки со мали вложувања.

  • Повратот на вложените пари за подобра енергетска ефикасност зависи од производниот процес и кој енергент се користи. Само со замена на опремата во старите котларници вложените пари може да им се вратат за една година. Тоа ќе се согледа во проектот и ќе се дадат препораки и насоки каде може да се најдат пари - посочи Димитров.

Статистиката укажува дека потрошувачката на енергија особено кај малите и средните производни претпријатија има голем удел во вкупните трошоци на ниво на претпријатие кои го намалуваат профитот и влијаат на конкурентноста на производот или услугата. Преку домаќинско раководење со потрошувачката на енергија во фирмите може да се оптимизира потрошувачката на енергија, а со тоа да се намали загадувањето на животната средина и да се помогне во намалувањето на последиците од климатските промени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS