mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Дезинсекција против крлежи во Куманово, граѓаните да бидат внимателни

Дезинсекција против крлежи во Куманово, граѓаните да бидат внимателни

Типографија

На подрачјето на општината Куманово денеска се спроведува втората фаза од дезинсекција против крлежи со која се опфатени јавните зелени површини во градот. парковите, зеленилото покрај кејот, површните пред јавните институции и установи во градот.

  • Дезинсекцијата против крлежи се спроведува како мерка за спречување преносливи заболувања - се наведува во соопштението на општината.

Третираните површини видно се одбележани. Од општината соопштија дека не е препорачлив подолг престој на површините, особено непосредно по извршувањето на третманот.

  • Третирањето против крлежите го спроведуваат стручни екипи од приватна компанија ангажирани од општината за таа намена, преку претходно распишан тендер, при што за дезинсекција и дератизација општината одвои околу 700.000 денари - информираше Гордан Таневски, комунален редар од секторот за инспекциски надзор.

Ова е втора дезинсекција против крлежи на подрачјето на општината за тековната година. Првата дезинсекција беше спроведена кон крајот на јуни годинава.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS