Македонското еколошко друштво ќе организира два кампа за следење на миграциите на птиците и ги повикува љубителите на природата да се пријават.
Првиот камп ќе се одржи од 25 до 28 август, а вториот од 17 до 20 септември, и двата на истата локација, Кише Баир (Голем Рид) во близина на Штип.
МЕД упатуваат повик до волонтерите да им се придружат. Се` што треба да исполнат е да имаат интерес за птиците и за нивната миграција, да можат фокусирано да бројат птици, да стануваат рано, да можат да издржат долго време на отворено (10 часа) на сонце, дожд или на ветер, да пешачат на разни терени, и да не им биде проблем да спијат во шатор.
Секако, учесниците ќе треба да имаат барем три слободни денови за да можат да присуствуваат на камповите. Од МЕД најавуваат дека ќе обезбедат храна и сместување, како и превоз на волонтерите од Скопје.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS