mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Мечка усмртена на автопатот Тетово-Скопје

Мечка усмртена на автопатот Тетово-Скопје

Типографија

Две возила на автопатот Тетово-Скопје налетеле на мечка и ја усмртиле, информираат од СВР Тетово. Во сообраќајната несреќа полесно се повредени две лица.
Несреќата се случила во близина на клучката за селото Групчин, кога во животното кое се нашло на коловозот најнапред налетал мини-бус „Ивеко“ со германски регистерски ознаки.

Набрзо потоа во мечката удрило и патничко моторно возило „сеат-леон“, кое го управувал В. М. (35) од Скопје.

Мечката била усмртена на самото место, а две лица кои биле во „сеатот“ се полесно повредени.

Од почетокот на годината, на автопатот Гостивар - Скопје се регистрирани над 70 сообраќајни незгоди предизвикани од животни кои се нашле на коловозот.

Најчесто, возилата налетуваат на бездомни кучиња. Појавата на мечката на оваа делница е мошне невообичаена.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија