mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Почна чистењето на речното корито на реката Бошава во Демир Капија

Почна чистењето на речното корито на реката Бошава во Демир Капија

Типографија

Општина Демир Капија денеска почна со чистење на дел од речното корито на реката Бошава.

Градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев, изјави дека активноста е во согласност со акцискиот план за чистење на реки и речни корита во Република Македонија и акцискиот план за чистење на речни корита во општината.

  • Со чистењето се отстранува вегетацијата, се расчистува наносениот материјал и се врши порамнување на речното корито. Сево ова со цел да се спречат страничната и длабинската ерозија на коритото и да се обезбеди подобар проток на водата - појасни Димитриев.

Тој нагласи дека дека доколку редовно не се преземаат мерки за чистење на коритото на реката Бошава, при обилни врнежи од дожд може да се случи излевање на водата од речното корито и поплавување на Демир Капија

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS