mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Дури 27 пожари во кочанско од почетокот на јули

Дури 27 пожари во кочанско од почетокот на јули

Типографија

Од почетокот на јули до денеска се во Кочани и околината се регистрирани 27 пожари, од кои 21 биле на отворен простор, информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во градот.

Опасноста од појава на пожари значително е зголемена во текот на летниот период, а како што посочуваат од ТППЕ, луѓето се главниот фактор за нивното предизвикување. Надлежните од општина Кочани и ТППЕ во неколку наврати апелираа до граѓаните за поголемо внимание, најмногу до земјоделците кои ги палат стрништата.

Во најголем број од случаите станува збор за опожарување на стрништа и на сува вегетација. Од почетокот на годината досега се регистрирани 96 интервенции од страна на кочанските пожарникари - изјави Дејанчо Арсов, командир на кочанската територијална единица.

Кочанските пожарникари ја покриваат и територијата на општините Чешиново Облешево и Зрновци, и според изјавата на Арсов, и во овие општини се бележи зголемен број на интервенции. Во Чешиново Облешево се регистрирани 10 пожари на отворено овој месец при што е зафатена опожарена површина од 25 хектари. Со најголем обем биле пожарите во селото Теранци, како и оној помеѓу селата Бање и Спанчево, каде што е опожарена површина од 12 хектари.

Според Арсов, голем број од пожарите се предизвикани поради палење на стрништата и вегетацијата, но и поради неисправност на механизацијата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS