mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Протест за спас на парк во Штип

Протест за спас на парк во Штип

Типографија

Граѓанска иницијатива од Штип повикува на протест за спас на паркот 8-ми Ноември, за, како што велат оттаму, да се спречи неговото претворање во градежно земјиште. Активистите реагираат дека институциите се` уште не одговориле на нивната иницијатива.

  • Јавното обвинителство се` уште се нема произнесено во врска со кривичните пријави за случајот за паркот во 8-ми Ноември во Штип. Минстерството за траспорт и врски се` уште се нема произнесено во врска со истото во однос на паркот. Надлежниот државен испекторат се` уште се нема произнесено во врска со паркот во 8-ми Ноември. Советот на општината Штип нема свикано расправа по петицијата собрана од страна на граѓаните за да расправа и се произнесе по истото заедно со граѓаните. Кога неправдата станува закон должноста на граѓаните е да се обединат и се спротистават на ваквото самовластие.Соберете храброст здравјето нема политичка боја, воздухот што го дишете не е партиски , се работи за сите нас - порачуваат иницијаторите.

Протестот треба да се одржи во сабота во 20 часот во паркот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS