Министерот за животна средина Башким Амети и државниот секетар Соња Липиткова денеска беа во работна посета на oпштинаta Пробиштип, рудникот „Злетово“ и na фабриката за производство за акумумулатори „ТАБ МАК “.
Министерот Амети беше информиран за реализацијата на проектот за изградба на водоснабдителни системи во пробиштипските села Турско Рударе и Кундино, а кои финансиски ги поддржуваат со околу два милиони денари, а Општина Пробиштип од сопствениот буџет има издвоено еден милион денари.
- Се надеваме дека проектот за село Кундино ќе заврши набрзо. Работите одат според предвидената динамика, исто така и за населеното место Турско Рудари се надеваме дека општината ќе најде и дополнителни средства за да го дозаврши проектите, а граѓаните од двете населени места да имаат чиста вода за пиење - вели Амети.
Toj ја посети и старата јаловишна депонија од рудникот „Злетово“ за која се потребни средства за да се отстрани од градот Пробиштип.
Дражавниот секретар Липиткова рече дека министерот е информиран за проблемите со стартото јаловиште и се надева дека во текот на наредниот период ќе се надмине и ово проблем во Пробиштип.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS