mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Водата во Тетово загадена поради градежни работи

Водата во Тетово загадена поради градежни работи

Типографија

Водата во Тетово е заматена над дозволеното, покажале испитувањата на Центарот за јавно здравје од градот. Заматеноста изнесувала 1,6 единици а максимално дозволените биле 1,5.

Од Центарот за јавно здравје велат дека поради тоа водата не е за пиење, и се надеваат дека проблемот ќе се реши до почетокот на следната недела.

  • Се врши редовна дезинсекција на водата каде има присуство на хлор во доволни количини, и тоа ни дава за право да се надеваме дека конечните резултати ќе покажат дека водата е чиста - изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија од Центарот за јавно здравје Тетово

Според оваа институција, заматеноста на водата е резултат на градежни работи, кои се изведуваат на туристичкиот центар Попова Шапка, каде се наоѓа еден од изворите од кои Тетово се снабдува со вода за пиење. Градежните работи се запрени до нормализирањето на состојбата со водата за пиење.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS