mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Награда за Имиџ Пи-ар за кампањата „Енергетска математика“

Награда за Имиџ Пи-ар за кампањата „Енергетска математика“

Типографија

Компанијата Имиџ ПР ја доби највисоката награда, „Golden World Award“ од Меѓународната организација за односи со јавност ИПРА, за кампањата „Енергетска математика“ која се реализираше во за ЕВН Македонија.

„Енергетска математика“ е дел од платформата за енергетска ефикасност, што ЕВН Македонија ја реализира од 2012 година заедно со Министерството за економија и со Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Целта е поголема примена на енергетската ефикасност во сите сегменти од современото работење и живеење. Како што велат од ЕВН, во современиот живот електричната енергија и нејзиното користење е значајно прашање кое има и економски и еколошки аспект, а начинот на кој таа се користи зависи од навиките и од однесувањата на луѓето. Од компанијата порачуваат дека може да се живее истовремено и квалитетно и енергетски ефикасно.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS