Еколошкото друштво „Планетум“ во соработка со повеќе партнери на ниво на Европа преку Национална агенција за европскски образовни програми и мобилност ЕУ – програма Еразмус + го спроведува проектот „Зелено претпријатие“.
Општа цел на проектот е Зголемување на можностите за кариера на младите луѓе со користење на нивниот креативен потенцијал, преку развивање на нивните суштински надлежности за иницирање на иницијативи за зелено претприемништво и со збогатување на пазарот на труд со нови работни места преку поттикнување на создавањето на нови социјални и зелени претпријатија
Проектот како предизвик за реализација ги има поставено следните цели:
- Активно и партиципативно вклучување на сите партнерски организации со цел успешно имплементирање на проектот во сите следни фази, давајќи акцент на подготовка на сите учесници во тренингот.
- Градење на капацитети и зајакнување на вештините на младите луѓе на полето на еко - социјално претприемништво, и иницирање соработка и размена на идеи и искуства помеѓу младите луѓе од различни земји преку 7 дневен тренинг за зелено претприемништво.
- Добивање на повратна информација од учесниците на тренингот за нивните научени лекции, по завршувањето на тренингот и дисеминација на резултатите на партнерските организации во нивните земји.
Извор: Еколошко друштво „Планетум“ - Струмица
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS