Делчево и Пехчево заедно ќе работат на кампања за енергетски ефикасни општини во рамки на проектот поддржан од ЕУ „Кампања за енергетска ефикасност на објекти во микрорегионот Пијанец- Малеш“.
На првата работилница која се одржа во Делчево беше направена анализа на досегашнте програми за енергетска ефикасност и нивната реализација.
Тони Стоименовски од Регионалнот центар за застапување од Делчево потенцираше дека на работилницата се присутни сите претставници од локалните институции, невладините и општините со цел да се направи сеофатна анализа на оваа проблематика.
- На оваа работилница ќе направиме анализа на исполнетоста на програмите за енергетска ефикасност со претставници од локалните институции, за да видиме колку се имплементирани тие проекти и во делот на јавниот сектор и јавното осветлување, односно колкав процент мерки се преземени - рече Стоименовски.
Тој истакна дека целта на овој проект е да се потенцира предноста на енергетската ефикасност.
За потребите на проектот е изработена и анкета на илјада испитаници за примена на мерките за енергетска ефикасност во приватниот сектор, а наредниот месец ќе се одржу иформативен ден во Делчево за придобивките на енергетската ефикасност. Проектот го спроведуваат НВО Регонален центар за застапување од Делчево и Амброзија од Пехчево, со поддршка на Милеуконтакт Македонија, Коцка и Фронт.