Вкупно 42 автомобила и едно теренско возило, 197 лап-топи, 35 мултифункциски печатачи, две машини за копирање, заштитна облека, термометри, дата логери, ПХ мерачи и заштитни маски, се само дел од новата опрема што ја набави Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со цел модернизација и осовременување на своето работење.
Како што соопшти директорот на АХВ Зоран Поповски досега Агенцијата беше на ниво на институциите на ЕУ, но сега е речиси во рангот на најсофистицираните.
- АХВ постојано го јакне административното работење, а сега, со новата опрема, согласно највисоките европски и светски стандарди, практично овозможува уште попрофесионално функционирање на инспекциските служби, ефикасни и ефективни контроли за потребите на компаниите и граѓаните - потенцира Поповски.
Возилата и опремата се купени со околу еден милион евра, средства од програмата ИПА 2012.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS