mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Почна втората фаза од комуналното уредување на станбените блокови во Струмица

Почна втората фаза од комуналното уредување на станбените блокови во Струмица

Типографија

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Струмица ја почна втората фаза од комуналното уредување на просторот во поранешната касарна.

Согласно урбанистичките планови кои се однесуваат на изградба на станбени блокови „Комуналец“ до крајот на годината во овој реон треба да постави 5.123 метри водоводни и канализациски цевки во вредност од 24.564.000 денари.

  • Од планираните актиности досега имаме поставено 1.859 метри цевки. Очекуваме до крајот на годината да ја заокружиме оваа активност во целина. Искоординирани сме со плановите на Општината и нејзините приоритети за асфалтирање на улиците. Откако ќе завршиме со поставување на комуналната инфраструктура, општината ќе ги тампонира и асфалтира овие улици - изјави Андреј Тошев од ЈПКД „Комуналец„ Струмица.

Од 2014 година, локалните власти почнаа со инфраструктурно уредување на овој дел од градот при што поставиле 3.500 метри водоводни и канализациони цевки во вреднсот од 12.500.000 денари обезбедени преку општинскиот буџет.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS