mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

МЖСПП: Со реформите во секторот води ќе се подобрат услугите за граѓаните

МЖСПП: Со реформите во секторот води ќе се подобрат услугите за граѓаните

Типографија

Подобрување на квалитетот на услугите од секторот води кои граѓаните ги добиваат од јавните комунални претпријатија, а со тоа и зголемување на ефикасноста на истите претпријатија, е целта на реформите во секторот води на централно ниво за кои информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Според Јадранка Иванова раководител на Сектор ЕУ во Министерството, меѓу другото, реформата подразбира и зголемување на ефикасноста на јавните комунални претпријатија, односно во трошокот кој што го плаќаат граѓаните да бидат вклучени трошоците кои што се директно поврзани со давањето на услугата.

  • Сегашната методологија по која работат јавните комунални претпријатија не е обврзувачка, треба да ја применуваат, но не постои инструмент кој ќе ја надгледува нивната примена. И од таа причина претпријатијата остануваа на иста цена на наплата, освен со мали мерки на корекции во одредени места - вели Иванова.

Таа појаснува дека проектот ќе придонесе секоја нова пречистителна станица финансиски да биде самоодржлива, за да не се дојде во ситуација да се изгради таква станица, а да не може да биде пуштена во функција. Во моментов во Македонија има осум пречистителни станици.

Во однос на цената на водата која граѓаните треба да ја платат, Иванова рече дека само доколку некои претпријатија ги намалат трошоците од загубите нема да имаат потреба од зголемување на цената.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS