mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Потпишан договор за грант за прекуграничниот регион Преспа

Потпишан договор за грант за прекуграничниот регион Преспа

Типографија

Десет договори за грант со шест апликанти од Македонија и четири од Албанија со вкупна вредност од 64.729 евра беа потпишани во Ресен во рамки на вториот повик од АБД грант шемата за прекуграничниот регион Преспа.

Грантовата шема беше спроведена од страна на Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во рамки на проектот „Рурален развој преку интегрирано управување со шумските и водните ресурси” кој се спроведува во соработка со германското Здружение за меѓународна соработка (ГИЗ). Финансиски е поддржан од германското сојузно Министерство за економски развој и соработка (БМЗ).

Целта на Грантовата шема е поддршка на мали проекти во прекуграничните региони Преспа и Шара, овозможувајќи остварување приходи преку промовирање одржливо користење на природните ресурси, унапредување на процесите на производство, технологијата и квалитетот на производите и услугите преку интегрирано управување со шумските и со водните ресурси. Посебен акцент беше ставен на економските активности на жените и на младите во прекуграничните подрачја.

Промовирањето и координацијата на грантовата шема на АБД во прекуграничните региони

Преспа и Шара беше овозможена преку пристапот на АБД во рамки на проектот „Унапредување на регионалната соработка и рамномерен територијален развој на државите од западен Балкан во процесот на интеграција кон ЕУ“, кој е финансиран од Европската унија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија