Граѓанското здружение Охрид SOS преку социјалните мрежи објави фотографии од палмите насадени покрај Охридското Езеро.
На фотографиите може да се забележи дека ниту една од палмите не е во добра состојба.
Од Охрид SOS прашуваат дали некој за ова ќе понесе одговорност.
- Палмите се оставени на милост и немилост во една средина несвојствена за нив. Не е ли основна компонента на секој проект одржливоста - прашуваат од Охрид SOS.
Заштитниците на природата коментираат дека внесувањето нов вид растенија или животни во и околу езерото, особено во волкава бројка, може да наштети на рамнотежата во животната средина, да доведе до прекумерно размножување на одредени видови на сметка на други или да се пренесуваат паразити или болести.