mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Дебарската подружница на Македонски шуми ќе пошуми 20 хектари

Дебарската подружница на Македонски шуми ќе пошуми 20 хектари

Типографија

Врз основа на зацртаните програмски активности, на подрачјата каде се врши сеча на огревно дрво, дебарската подружница „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“ годинава ќе пошуми 20 хектари во општините Дебар и Центар Жупа.

  • Перманентна наша грижа е обновувањето на шумскиот фонд. И годинава планираме да пошумите 20 хектари површина со четинари, главно црн и бел бор и ела или во бројки околу 40 илјади садици - вели Рами Љата, раководител на Подружницата.

Тој додава дека и годинава ќе се вклучат во традиционалната акција „Денот на дрвото - засади ја својата иднина“, во која во просек се засадуаат по 20 илјади садници на ерозивни и опожарени терени.

  • Минатата година, во рамки на редовните активности за пошумување и споменатата акција, на подрачјето на двете општини засадени се 43 илјади садници на црн и бел бор, ела, како и чемпрес - истакнува Љата.

Задоволен е што во акциите освен вработените во Подружницата се вклучуваат и граѓани и ученици. 

Секако, посочува тој, и податокот дека поради честите контроли и превентивните мерки, речиси на минимум се сведени случаите на кражби на огревно дрво и опожарување на шумите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија