Со средства од Европска банка за обнова и развој ќе се врши замена на азбестно-цементните цевки на подрачјето на општина Крива Паланка.
- Станува збор за замена на 2,8 километри водоводна мрежа од азбестни цевки, Пректот е насловен „Реконструкција на градската водоводна мрежа“ кој веќе е одобрен, тендерската постапка ќе отпочне во Министерството за транспорт и врски преку кое аплициравме - информира градоначалникотна Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Проектот, рече тој, ќе придонесе и за подобра состојба во водоводниот систем на подрачјето на општината бидејќи, како што истакна, поради дотраеноста на постојните цевки доаѓа и до одредени загуби на вода.
- Со овој проект ќе се надоплни реконструкцијата на водоводниот систем во градот, а очекувам тоа да се реализира до крајот на летото. Како градоначалник сум многу задоволен, ова е втор клучен проект кој ќе се реализира во општината во водоснабдителниот систем, покрај првиот кој финишира, „Водоснабдување висока зона -лев брег“. Со ова конечно ќе биде симнато од дневен ред прашањето за замена на азбестни цевки во нашата општина - додаде Алексовски.
Двата проекти се реализираат преку Министерството за транспорт и врски со Европската банка за обнова и развој. Проектот „Водоснабдување на лев брег, Крива Паланка – висока зона“ се реализираше со финансии од 23 милиони денари.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS