Делови од националниот парк Галичица се затрупани со отпадоци што ги оставиле посетителите.
На нашата фејсбук-страница беше споделена загрижувачка снимка од негрижата за едно од највредните природни подрачја во нашата земја.
На снимката се гледаат цели вреќи со ѓубре фрлени на ливада, остатоци од огништа, како и други расфрлани отпадоци на ливада непосредно над градот Охрид, покрај земјен пат. На дивата депонија има дури и градежен шут зараснат со нова вегетација, што укажува дека оваа локација подолго време се користела за незаконско фрлање отпад.