Волонтерите на Чист Охрид од локацијата Рамне во Охрид собраа 15 вреќи со отпад.
Покрај тоа собрани се и други предмети, како и мебел. Од неформалната еко организацијата информираат дека и овој пат на Рамне имало игли и шприцови.
Од Чист Охрид велат дека нивните активности на оваа површина и натаму ќе продолжат затоа што на локацијата сѐ уште има отпад, а истовремео упатуваат уште еден апел до надлежните да ги вршат своите задолженија за заштита на Галичица и Охрид.