mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Виница ќе практикува американски ускуства за справување со отпад

Виница ќе практикува американски ускуства за справување со отпад

Типографија

Општина Виница собира Американски искуства во справувањето со комуналниот отпад.

Гоце Георгиев, комунален инспектор во општина Виница помина двонеделен тренинг за обука за селекција и управување со одпад на Универзитетот „Тексас“ во САД.

  • Есеј за справување со отпадот во општина Виница, Република Македонија, ми донесе интернационална школарина.  Аплицирав на конкурс на Универзитетот во Арлингтон, со што обезбедив двонеделна едукација со врвни експерти од 26 земји во светот и споделување на врвни достигнувања во управувањето со отпад - истакна Георгиев.

Тој  зад себе има уште едно вакво тренинг искуство и од Јапонија, а стекнатите знаења  во управувањето со отпад ќе ги споделува со своите колеги во Здружението на комунални инспектори на Македонија  како негов претседател, додека неговите сограѓани добиените искуства од Јапонија и Америка очекуваат да бидат применети и во нивната средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија