mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Засилена контрола на дивите депонии во Гевгелија

Засилена контрола на дивите депонии во Гевгелија

Типографија

Комуналната инспекциска служба на општина Гевгелија ќе ги засили контролите на дивите депонии.

Комуналните редари ќе ги контролираат депониите во попладневните и вечерните часови кога несовесните граѓани фрлаат разни отпадоци.

  • Реакцијата и барањето за засилени контроли на дивите депонии е одговор на многубројните поплаки од граѓаните на општина Гевгелија, кои во последно време најмногу се однесуваат на неконтролираното фрлање отпадоци на дивите депонии кои на неколку локации во околината на градот се создаваат покрај локалните патишта - вели Иван Франгов, градоначалник на Гевгелија.

Инспекциските служби веднаш интервенирале и побарале од сопственик на парцела во близина на Кованска река, која е претворена во дива депонија да го отстрани отпадот во најкус временски рок и најавија чистење на отпадот од речното корито.

Договорено е инспекциските контроли на дивите депонии да се вршат и за време на викендите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS