Во втората половина од изминатиот месец, кога попушти студениот бран, од јавното претпријатие „Комуналец“ интервенирале 158 пати на поправка на водомери и оштетени вентили.
- Бројот на интервенции е двојно помал од интервенциите на оштетните водомери, водоводни цевки и вентили во првата половина од јануари кога и Гевгелија беше зафатена од студениот бран и оти сепак успеале да одговорат на сите пријави од граѓаните и да ги поправат дефектите на водоводната инсталација - соопштуваат од ЈКП „Комуналец“.
Покрај интервенциите, комуналните служби замениле 14 целосно оштетени водомери, а 24 биле поправени во баждарницата и вратени на користење кај сопствениците.