Со топењето на снегот можно е да се детектираат првите оштетувања кај земјоделските култури, посебно кај овошките и виновата лоза кои најмногу настрадаа во изминатиот период, на екстремните минимални температури.
Според агрометеорлозите , наглото топење на снегот може да предизвика и формирање поголеми површини покриени со вода во депресиите што е непријатно за есенските посеви доколку се појават зимски мразеви без присуство на снежна покривка.
- Порастот на температурите и топењето на снегот ја зголеми влагата во почвата која подолг период се одржуваше во замрзната состојба и малку беше достапна за растенијата, а ќе биде повеќе од потребна во пролетниот период при обновување на вегетацијата. Во наредниот период очекуваните температури на воздухот со вредности околу 10 степени ќе овозможат нормално презимување и кратка релаксација од претрпените шокови во изминатиот период - оценува УХМР.
Позитивните утрински температури или температурите блиски до нулата, како што наведува УХМР, барем до средината на наредната седница нема да дозволат погоелми варирања што е погодно за земјоделските култури.